| четврток, 6 декември 2018 |

Поевтина струја од јуни?

Електричната енергија најверојатно ќе поевтини ова лето, објави Алфа ТВ. За колку сеуште не се открива,бидејќи пресметките ќе се прават во јуни. Тогаш регулаторите ќе ги чекаат податоците на трите енергетски компании за изминатата година. Она што е познато е дека домашните капацитети, термо и хидро централите лани произведоа максимум и Македонија увезе многу помалку струја од 2011-тата.

И државните електрани деновиве излегоа со податоци дека само во март годинава хидроелектраните произвеле 208,7 гигават часа, за разлика од истиот месец лани кога биле произведени само 55 гигават часа. Поради добрата хидролошка состојба ЕЛЕМ исклучиле и дел од термоцентралите, а останатиот дел работел според потребите.
Но обновливите извори од идната година ќе се зголемуваат. Во Богданци ќе биде отворен ветро парк, втор по големина на на Балканот.

ЕЛЕМ веќе почна да го гради ветропаркот. Тој ќе биде најголем на балканот, по оној во Хрватска. Се очекува да биде готов 2014 година-Лазар Гечевски-дир на Агенција на енергетика.

За почеток целото производство ќе биде наменето за македонските потреби. Цената од ветерниците ќе чини 89 евра за мегават час. Поскапа од онаа на берзата во моментов, но речиси двојно поевтина од пред две години. Целиот проект чини 55 милиони евра. 32,9 се обезбедени преку КФВ банка, а останатите 22,6 милиони евра се сопствени сретства на ЕЛЕМ, пренесува Алфа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top