Светот е пред глобален финансиски крах поради огромната нерамнотежа помеѓу банкарско-финансискиот сектор и реалната економија, вакво предупредување упати германскиот економист и публицист Ернст Волф.
Според него главниот проблем е во тоа што целиот систем е всушност мртов од 2008 година и големата светска економска криза, и од тогаш глобалниот систем вештачки се одржува во живот со периодични парични инекции.
-Доколку го нема тоа пумпање на пари во финансискиот сектор, тој би доживеал конечен колапс. Затоа, централните банки во светот печатат пари на големо. А како второ, намалени се референтните каматни стапки, за последните седум-осум години дури до нула проценти, па и пониско…, вели Волф за Спутник.
Ниските стапки го потпалуваат „финансиското казино”, смета Волф.
-Главна задача на банките е финансирање на економијата, но денес никој не кредитира. Затоа денес банките, и што уште поопасно, пензиските фондови, се принудени да се занимаваат со шпекулации. И тоа е многу опасно, бидејќи повторувам, целиот систем е надвор од контрола, истакнува тој.
Тој потсетил дека претходно централните банки имале секундарна улога, а сега мораат повеќе да интервенираат, додавајќи дека Европската централна банка презема мерки да ја спаси „Дојче Банк“, а Централната банка на Швајцарија прави сè за да ја спаси „Кредит Свис”, и тоа најмногу затоа што овие банки во своите портфолија имаат финансиски деривати, кои немаат никаква врска со реалниот економски сектор.
-Обемот на деривати на „Дојче Банк” е околу 75 трилиони долари!!! Сума која за 20 пати го надминува Бруто општествениот производ на Германија. Ова е бомба за која не знаеме кога ќе експлодира или со други зборови, тоа е лавина која може да ја започне и најмала снегулка”, нагласува Волф.
Тој ги советува луѓето да чуваат одредена сума на пари дома, и да не земаат кредит сега.
– Ако еврото пропадне, тогаш банките ќе бараат исплата на кредит во старата валута. А доколку дојде до девалвација на еврото, да кажеме за 30 проценти, сите оние кои земале кредит, ќе мора да исплатат 30 проценти повеќе од сумата која ја добиле, истакнува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст