| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал по „Пинкови ѕвездички“: Вашето дете ги мрази сите, се искараа две мајки на учесниците

По завршувањето на музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“, на кое победи малиот Марко Бошњак, на социјалните мрежи почна војна меѓу две мајки на учесниците во ова шоу. Лавина коментари предизвика Марија Перковиќ, поранешна девојка на Матеја Кежман, која на профилот на малата Дарија Врачевиќ напиша дека таа и нејзината мајка Зорица ова натпреварување го сфатиле многу погрешно.

Pikove-zvezdice-201631-1

„Ова би требало да биде невино, детско натреварување, конкурс во убаво пеење, имитирање, глума, перформанс, а не нешто каде што се омаловажува и се зборува лошо, и тоа за кого – за едно дете! Каков животен пример му давате на своето дете, да ги мрази другите и да оттргнува некој за да се издигне себеси! Учете ја вие вашата Дарија да се гледа себеси, а не другите и ќе биде многу позадоволна од себе и од своите успеси. Вам, исто така, топло ви препорачувам да престанете да го поттикнувате во детето синдромот „газење преку мртвите“ и повеќе да го полните со љубов, среќа, да го научите во животот да дели и да ги прифаќа другите такви какви што се. Не сте вие таа што треба да суди, посебно не за такво мало, слатко, чисто, добродушно, преслатко суштество како што е Ника Пуриќ“, напиша Перковиќ.

На ова одговори мајката на Дарија.

„Не ми е баш најјасно зошто вакви погрдни зборови. Всушност, кога подобро ќе размислам, јасно ми е… Голема е разликата меѓу мене и вас. Јас сум исполнета со љубов, која несебично ја ширам и ја пренесувам на сите добри луѓе околу мене, а првенствено на своите деца. По нив и се гледа тоа. Никогаш, ама никогаш не сум напишала ни еден грд збор за Ника и за нејзиното семејство, а вие ме каменувавте со толку грди зборови. Мајката на Ника им пишуваше лошо за моето дете на обожавателите, кои ми ги испратија пораките, а јас со неверување ги читав. Ете, во тоа е големата разлика меѓу мене и вас, огромна разлика“, напиша Зорица Врачевиќ.

Мајката на Ника, Јована, рече дека не ја интересираат ваквите коментари.

-Јас сум мајка на три деца и имам своја работа. Кој нема, нека си се занимава со преписки, рекла таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top