-Со месеци живеев во страв затоа решив да одам додека е време за да не му се случи нешто на нашиот син. Да останев сигурно би поминала како Јелена, ова го кажала поранешната сопруга на Зоран Маријановиќ, Сања П., во полицијата за време на сослушувањето.
Таа, наводно, го оставила бидејќи се сомневала дека неговото семејство е член во некоја секта.
– Вистина е дека Зоран ја запозна Јелена уште додека беше во брак со првата жена Сања, но не е таа главниот виновник за разводот. И соседите, но и познајниците што доаѓаат во куќата, велат дека првата жена на Зоран го оставила кога почнала да се сомнева дека се во некоја секта. Нејзе ѝ било чудно што семејството, посебно свекрвата Зорица, се однесува така, а потоа и свекорот Владимир, но и Зоран – открива извор што е добро упатен во истрагата.
Тој вели дека Сања најмногу се плашела од деверот Милош и кога отишла од куќата на Маријановиќ го оставила синот убедена дека нема ништо да му се случи.
– Побегнала и без оглед на сѐ се спасила. За жал, Јелена не успеа. Сања цело време за време на сослушувањето била во страв и во грч. Очигледно било дека се плаши од Маријановиќ – открива изворот и додава дека сите што биле сослушувањето, соседите, семејството Маријановиќ, пријателите и роднините припаѓале на Црна ружа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст