| четврток, 6 декември 2018 |

Вака изгледало мермерното езеро над Беловица пред да стане прилепското „Памук кале“

Прилепското мермерно езеро сместено над селото Беловодица деновиве е вистинска атракција и супер разладување за прилепчани.Езерото предизвика огромно внимание кај медиумите, кои секојдневно известуваат за стотината посетители што  се искачуваат до ова место, пишува порталот „МКД“.
pamuk-markukule
На својот фејсбук профил Васко Дамески вели: “Прилепското „Памук Кале“ или Мермерното езеро во време на изградбата. Не го направи Крале Марко со боздоганот, туку е производ на осмислен процес на експлоатација по сите стандарди. Теренот е еколошки чист а квалитетот на водата е (испитан во 2011 год.) хемиски и биолошки исправна. Езерото е длабоко 20 метри и содржи 100 000 кубни метри вода. Поздрав до рударите од Рудник Беловодица за посебен допринос при изградбата на оваа прилепска атракција. Ви посакувам на сите пријатни моменти и внимателно пливање во ова прекрасно место”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top