Дваесет и петгодишниот афроамериканец Михај Хавиер Џонсон, кој во четвртокот вечерта уби пет и рани уште седум полицајци во Далас, во американската сојузна држава Тексас, непосредно пред да биде убиен со полициска робот бомба, ја ѕидот од гаражата во која се криел со сопствената крв оставил порака, која сега ја проучува полицијата, објави „Макфакс“.
Во изјавата за телевизиската мрежа CNN, началникот на полицијата во Далас, Дејвуд Браун, рече дека Џонсон со својата крв напишал две букви – „RB“ на ѕидот од гаражата во којашто неколку часа го блокираа полицајците по инцидентот.
Во моментов истрагата не може да каже што точно значи оваа порака. Исто така, се проучуваат сите информации кои се пронајдени во компјутерот на Џонсон. При претресот на неговиот дом детективите пронашле материјали за правење бомби, како и панцири, пушки, муниција и личен дневник за борбена тактика. Се претпоставува дека Џонсон се подготвувал за многу поголем напад
Браун повтори дека во преговорите со полицајците, Џонсон рекол дека „сака да убива белци, особено полицајци“. Убиецот, според него, се согласил да преговара само со црни полицајци.
Тој потврди и дека ја одобрил ликвидацијата на авганистанскиот ветеран кој имал обука и од приватна школа за самоодбрана, со помош на бомбата робот по двочасовните преговори на паркингот на градскиот колеџ.
„Јас ја одобрив таа акција, и би го сторил тоа повторно, доколку сум во иста ситуација“, изјави Браун за CNN појаснувајќи дека и по два часа преговори со напаѓачот немало никакви резултати.
„Тој успеа да ја сочува контролата над себеси и покажуваше голема подготвеност да повреди и други полицајци“, додаде началникот на полицијата во Далас.
Според Браун, Џонсон им се потсмевал на преговарачите и прашувал колку полицајци застрелал. „Без нашата акција, ќе ранеше уште повеќе полицајци“, заклучи Браун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.