Луис Хамилтон направи хет-трик во формула 1 шампионатот освојувајќи ја третата победа во низа, овој пат на патеката Силверстон. Возачот на Мерцедес без никакви закани од позади ги извозе 52. кругови за четвртата негова победа во тековниот шампионат. Подиумот го дополнија неговито тимски колега Нико Розберг и Макс Верстапен од Ред Бул.
Дождот никогаш не бил новина на ф1 трките на Силверстон, па така и десеттата трка од шампионатот не мина во поинакво светло. Влагата на патеката го натера делегатот за безбедност Чарли Вајтинг да го пушти возилото за безбедност да го предводи гридот. Сè до петтиот кург, мерцедесот ги предводеше 22-та возачи зад себе. Во шестиот круг трката го имаше својот вистински старт со летечки старт. Сосема очекувано, како што веќе започна да се суши патеката возчите мораа да ја менуваат стратегијата. Раиконен, Ботас, Саинц, Хулкенберг, Алонсо, Фетел и Грожан заминаа во боксот за да ги променат пневматиците. Тоа не го стори водечката четвoрка во состав од Хамилтон, Розберг, Верстапен и Рикиардо. Првата жртва на недосушената патека беше Верлејн кој се изврте и мораше да ја заврши трката порано.
Поради него, виртуелното возило за безбедност истапи што им оозможи на водечките возачи да ги променат пневматиците. Тоа го искористи Макс Верстапен за да се задржи на второто место кое го загуби дури во 38. круг. Грожан имаше проблеми со болидот па порано го заврши својот настап. Серхио Перез најмногу профитираше од жолтите знамиња кои постојано беа подигнувани. Мексиканецот речиси целата трка возеше со Раиконен во ретровизорот за да конечно тоа се смени во 48. круг и финишира на шестата позиција. Вториот болид на Ферари не можеше да влезе во ритам со постојаните излетувања од патеката. На пласманот дополително влијаеше и казната за напуштање на возната патека поради која го поправи својот пласман па Фетел трката ја заврши на деветтата позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.