Полицијата во градот Далас, во американската сојузна држава Тексас, каде во четвртокот вечерта снајперист уби пет и рани уште седум полицајци, примила анонимна закана поради што го подигна нивото на безбедност, соопшти ноќта кон неделата по средноевропско време.
Специјални агенти од Хјустон се во Далас за да помагнат со истрагата.
-Полицијата во Далас прими анонимна закана против силите за спроведување на законот ширум градот и презема мерки на претпазливост со кои ја зајакнува безбедноста“, се наведува во електронската порака до медиумите.
Пред полициската управа се поставени специјалци и оклопни возила, улиците се блокирани, хеликоптери надлетуваат над градот.
Телевизиската мрежа CBS News, повикувајќи се на полициски извори, пренесува дека дојавата содржела информација дека во Далас може да пристигне вооружена група лица од Хјустон, кои имаат намера да ги напаѓаат припадниците на полицијата.
Специјалниот агент Никол Стронг која работи во Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви во Хјустон. Е една од агентите кои пристигнале во Далас, кратко време откако слушнала за веста за пукањето.Таа била во полициската станица во Далас кога стигнала заканувачката порака. По што полицијата веднаш се мобилизирала.
-Тоа беше многу вознемирувачко. Сум бил во спроведување на законот 25 години само за да ја видам тензијата на сечие лице, граѓаните, полицијата, администрацијата, посетителите на други градови, сега секој навистина се чини дека е во состојба на готовност,”вели таа.
Полициската управа во Далас итно ја напуштиле десетици лица, а околу неа се распоредени припадници на специјалните единици. Некои од околните улици се блокирани, полицајци патролираат во споменатата област и на блискиот паркинг.
Портпаролката на полицијата на Далас, Моника Кордова, за медиумите потврдила дека „полицијата добила анонимни закани кон полициските службеници и оти се преземаат мерки на претпазливост“, но не сакала да ја појасни природата на заканата.
Полицајците извришиле претрес на целата зграда и не не најден некој или нешто сомнително.
Во Хјустон претходно во саботата полицајци застрелаа вооружен Афроамериканец кој одбил да го положи оружјето. Во Далас, пак, маскарот врз полицајците во четвртокот вечерта беше изведен од 25-годишниот воен резервист Михаје Ксавиер Џонсон, како што рекол, поради одмазда за полициските убиства на црнци, од кои две се случија оваа седмица во државите Минесота и Лузијана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст