Западните медиуми веќе со денови повторуваат дека Британците кои се во процес на напуштање на Европската унија, се изолирале од остатокот на светот и ќе мора да се соочат со големи економски последици.
Но, „Брегзит“ нема да ја изолира Велика Британија, туку ќе ѝ даде можност да се насочи кон својот Комонвелт и да создаде силни врски со Русија и Кина, смета францускиот аналитичар Тјери Мејсан.
Британскиот Комонвелт е организација составена од 53 држави членки, членки кои што делат исти вредности, развиваат бизнис и спортски врски и разменуваат експерти во разни сектори. Прв човек на Комонвелт е кралицата Елизабета Втора.
Станува збор за заедница поголема од Европската унија која се протега на сите континенти. Падот на фунтата би можел на Комонвелтот да му даде предност, а познат по својот прагматизам, Лондон би можел да стане меѓународен центар за јуанот и да ја смести кинеската валута во самото срце на Унијата.
САД и Велика Британија планираа на самитот на НАТО во Варшава да ги примораат членките на ЕУ за зголемување на нивниот воен буџет до 2% од БДП-то. Покрај тоа, постојат планови за примена на сила во близина на руските граници, вклучувајќи и создавање на заеднички логистички единици на НАТО во ЕУ, што би овозможило колективно користење на хеликоптери, бродови, дронови и сателити.
Велика Британија досега на ЕУ му даваше најголем придонес во врска со одбраната со вкупно 15% од буџетот. Освен тоа, Британците беа задолжени за операции за заштита на поморскиот транспорт во Африка, а британските бродови се присутни и во Медитеранот. Исто така, планирано е Велика Британија да обезбеди трупи за создавање борбени групи при ЕУ. Но, после Брегзит, сите овие планови се паузирани.
За Вашингтон сега е прашање дали Лондон ќе прифати да го зголеми своето учество во НАТО. Иако Мајкл Фалон, актуелниот британски министер за одбрана вети дека нема да ослабат заедничките напори на ЕУ и НАТО, никој не може да каже зошто Лондон сега би се согласил да испрати свои трупи под странска команда.
Како резултат на тоа, Вашингтон се сомнева во волјата на Британците да го продолжат сојужништвото кое што настана во 1941-ва година. Секако, не треба да се исклучи можноста Брегзит да стане британски трик кој ќе им овозможи да во своја корист преговараат за „посебниот однос“ со Американците. Меѓутоа, експертите сега сметаат дека Лондон сега се надева дека ќе ја прошири соработката со Русија и Кина, притоа не одрекувајќи се од договорите со Вашингтон.
Сојуз на англо-саксонските тајни служби
За време на Втората светска војна, па дури и пред САД да се вклучи во војната, Вашингтон склучи договор со Обединетото Кралство што е јасно наведено во Атлантската повелба. Тука се вели дека земјите се здружуваат за да се гарантира слобода на пловидба на морињата и да се зајакне слободната трговија. Овој сојуз е остварен преку договорот „петте очи“ кој моментално служи како основа за соработка на 17 разузнавачки агенции на пет различни земји (САД, Велика Британија, Австралија, Канада и Нов Зеланд).
Документите кои што ги откри Едвард Сноуден потврдуваат дека мрежата за прислушкување „Ешалон“ во својот сегашен облик претставува „наднационална разузнавачка агенција која е независна од законите на сопствените земји членки“.
Петте очи“ така беа во можност да го шпионираат генералниот секретар на Обединетите нации и германската канцеларка, а истовремено вршат и масовен надзор над своите граѓани. На идентичен начин во 1948-ма година САД и Велика Британија основале друга наднационална агенција, Канцеларијата на специјални проекти која што управувала со проектот денес познат како „Гладио“. Конечно, во 1982-ра година, САД, Велика Британија и Австралија создале трета наднационална агенција позната како „НВО“.
Со напуштањето на ЕУ и оддалечувањето од САД, Велика Британија во никој случај не се изолираше, туку напротив, сега може да се сконцентрира на својот главен адут – Комонвелт.
Во 1936-та година Винстон Черчил ја изнел својата идеја денешните земји членки на Европската унија да се приклучат на Комонвелт. Неговиот предлог бил замрзнат поради опасноста од Втората светска војна, која се случила три години подоцна. После сојузничката победа, Черчил повторно ја изнел идејата за „Соединетите Европски Држави“ и свикал конференција на Европското движење во Хаг.
Од лондонска гледна точка, Соединетите Држави се тие кои што го прекршиле „посебниот однос“ така што го замениле со идејата за униполарен свет и што сами тргнале во спроведување на своите интереси. И тоа во време кога веќе не се ниту најголема економска сила, ниту пак најмоќна конвенционална воена сила.
Поради тоа, од овој момент во интерес на Британија е да престане да ги става „сите јајца во една корпа“. Британија треба да ги сочува заедничките институции кои што ги дели со Вашингтон, да се потпира на Комонвелт додека плете нови врски со Москва и Пекинг, или директно, или пак преку соработка со Шангајската организација за соработка.
На денот на Брегзит, Шангајската организација за соработка прими два члена на Комонвелт – Индија и Пакистан. Додека и натаму не може да се види тоа дали Британците се зближиле со Русите, можеме да го забележиме тоа дека се зближуваат со Кинезите.
Лондонската берза објави договор со Системот на надворешно-трговска размена со Кина и во јуни стана најважната берза на светот за проценка на кинеските обврзници. Сите елементи се поставени така што Лондон би можел во иднина да се претвори во кинески Тројански коњ во срцето на Европа, а сето тоа да се случува на штета на надмоќта на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.