| четврток, 6 декември 2018 |

Три лица во бесвест во пожарот во Струга

Три лица загубиле свест за време на пожарот што избувна денеска во центарот на Струга.

struga_-_01

Пожарот е локализиран, но се уште екипи се на теренот, а местото е обезбедено.

Во гаснењето учествувла цела екипа на Територијалната пожарна единица во Струга екипи од Охрид, Јавното комунално претпријатие „Проаква“ од Струга и граѓани.

Тесните улички и збиената архитектура го отежнале гаснењето на пожарот.

Според командирот на Противпожарната единица во Струга, Минир Мамуди три куќи се изгорени целосно, а две се опожарени.

– Целосно изгореа три стари куќи во кои никој не живее, а две се опожарени. За среќа нема повредени, изјави Мамуди.

Граѓани очевидци изјавуваат дека се запалила некоја од старите куќи, па пожарот се проширил на уште три четири други. Посочуваат дека проблем во гаснењето е ограничениот пристап затоа што многу несовесни граѓани ги паркираат своите автомобили и противпожарните возила не можат да интервенираат.

Причините за пожарот сè уште не се познати. Од СВР Охрид информираат дека пожарот избувнал во 13,30 часот во куќа стара 50 години.

ФОТО: Струга Лајм

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top