Заменик министерот за одбрана, Беким Максути денес во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во – Велес, им ја честиташе свечената заклетва на 29та класа војници на доброволно служење во Армијата на Република Македонија.
-Да се биде дел од Армијата на Република Македонија е чест и гордост не само за Вас војниците туку и за Вашите родители, за Вашите семејства, за секој граѓанин. Со заклетвата, Вие се обврзавте да го чувате и браните уставниот поредок, територијалниот интегритет и суверенитет на државата и да му служите на народот“ – истакна заменик министерот Максути.
Максути додаде дека е особено горд што меѓу денешните војници има припадници од сите етнички заедници и припаднички од понежниот пол, што претставува видлив доказ дека воената професија станува сè поатрактивна, а воедно со тоа се унапредува етничката и родовата еднаквост во нашата земја и се имплементира Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН.
Командантот на Центарот за индивидуална обука, потполковник Газменд Абдиу, во своето обраќање им порача на новата класа војници дека во периодот што претстои новите војници ќе бидат обучени од искусни инструктори кои ќе им ги пренесат тајните на воената вештина, а со тоа воената професија ќе им стане поблиска.
На денешната свеченост заклетва дадоа 68 војници од кои 63 машки и 5 девојки.
– Се пријавив затоа што уште како мал имав желба да станам војник, бидејки се восхитував на редот и дисциплината што владеат во армијата и затоа сакам и понатаму да продолжам и да се ангажирам професионално во редовите на АРМ, изјави војник Тони Кузмановски.
– Денес се исполни мојата желба, еве застанав како војник и планирам професионално да се вработам во АРМ и да бидам дел од неа, вели војник Валентина Попкочовска.
На денешната свечена заклетва на војниците присуствуваа заменик началникот на Генералштабот на АРМ, генерал мајор Мухамед Рацај, државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова, командантот на Здружената оперативна команда, генерал мајор Васко Ѓурчиновски, високи претставници од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, претставници шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, морнарички капетан Горазд Бартол и претставници од локалната самоуправа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст