Како градоначалник сум благодарен за целата поддршка од граѓаните, бизнис-секторот, владата и институциите, кои изминатиов период придонесоа за реализацијата на неколку крупни проекти во Дојран како уредувањето на плажите, чистење на крајбрежјето, иградба на кеј и рекреативна патека од шест километри и многу други, истакна градоначалникот на општина Дојран Борче Стамов.

-Сите знаеме каков беше Дојран во минатото, запуштено крајбрежје, по некоја неуредена плажа, без никаква културно-забавна програма каква што прилега на едно туристичко место. Успеавме за само неколку години целосно да ја промениме сликата за Дојран. Знаеме дека Дојран останува високо во приоритетите на Владата и ќе продолжи поддршката за надминување на ситуацијата – нагласува Стамов.
Тој изрази зачуденост од резултатите на Институтот за јавно здравје и забраната за капење донесена од здравствениот и санитарен инспекторат.
Додаде и дека во изминативе два дена имале контакти и со претставници од општината Кукуш со која се дели езерото од грчка страна.
-Во студија изработена од нивни реномирани иституции во период од 42 месеци, од над 30 специјализирани научници заклучуваат дека Дојранско Езеро има исклучително чиста вода, која во голема мера се зголеми во последните две години, со голем избор на риби и интересна фауна во околината. И затоа сме зачудени од испитувањата на Институтот. Како општина, ќе побараме дополнителни испитувања и анализи, од повеќе институции, затоа што сметаме дека водата во езерото никогаш не била почиста од почетокот на еколошката катастрофа досега. Имавме контакти со повеќе министри во Владата, нивни и наш прироритет е брзо надминување на оваа ситуација со ставањето забрана за капење.
Според Стамов, многу е значајно што побрзо да се отстрани соменжот за квалитетот на водата во езерото и за него како градоначалник на Дојран, а и за сите граѓани на Дојран, како и да се острани опасноста за економскиот просперитет на општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


