| четврток, 6 декември 2018 |

Го оставил вклучен паркираниот автомобил, тој тргнал наназад и го прегазил детето

Детето што почина синоќа во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ е прегазено во несреќен случај од страна на татко му.

gradska

Од МВР за информираат дека таткото на детенцето дошол во селото Страхојадица кај своите родители, по што го паркирал своето возило „фолсваген пасат“ во дворот, излегол да се поздрави со родителите, но го оставил моторот на автомобилот вклучен, по кратко време забележал дека автомобилот се движи наназад, веднаш го запрел, но било предоцна бидејки детето веќе имало големи повреди. Тоа веднаш било однесено во „Свети Наум Охридски“ на интензивна нега и ренимација, но по сите обиди на лекарите, едно и полгодишното детенце им подлегнало на повредите. Од МВР за „Република“ информираат дека е извршен увид на местото на несреќниот настан, а телото на детето е дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top