| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановскиот „Водовод“ со загуба поголема од еден милион и двесте илјади денари

Capture12-770x470
ЈП „Водовод“ во првите три месеци од тековната година работи со загуба поголема од еден милион и двесте илјади денари, покажа финасискиот извештај, кој денеска директорот на претпријатието Горан Стојковски го презентираше пред советниците на 55-та седница на Советот на Општина Куманово.

Според Стојковски, оваа загуба е за два милиони денари помала во однос на истиот период споредено со минатата година кога загубата изнесувала повеќе од три милиони денари.

– Во овој период, статистички гледано, најмалку се троши вода, а во меѓувреме ние инвестиравме, за да бидеме подготвени за периодот во кој имаме зголемена потрошувачка на вода – изјави Стојковски.

kumanovo vodaТој изрази надеж дека загубата на претпријатието ќе продолжи да се намалува и дека на крајот на 2016 година претпријатието ќе ја заврши годината со позитивно финансиско работење.

Делумно, според Стојковски, негативниот финасиски извештај се должи на намалената наплата на сметки и кај физичките и кај правните субјекти.

– Наплатата во првото тромесечје е 45 проценти од фактурирани приближно 50 милиони денари – изјави Стојковски.

Тој апелираше граѓаните навремено да ги плаќаат сметките и очекува овие месеци да се зголеми наплатата, поради, како што објасни зголемената потрошувачка на вода.

Стојковски информираше дека во моментов по главниот вод претпријатието добива 190 литри вода од главниот вод, дополнителни 100 литри од алтернативните извори од Бедиње и Проевце и по т.н „бајпас“ уште 80 литри вода во секунда, што, нагласи, е доволно за задоволување на потребите на градот за непречено водоснабдување во овој период од годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top