| четврток, 6 декември 2018 |

„Седум дена до Рајна“, планот што се ковел за трета светска војна во Европа

Тајните документи за планот што бил основа за воените вежби во 1979 година во кои било симулирано нанесување удар на 25 цели на територијата на Полска, познат под името „Седум дена до Рајна“, ги објавила полската влада по завршувањето на Студената војна.

sedum-dena-do-rajna-03

Според пишувањето на американскиот весник „Национелен интерес“, легендата за офанзивата била маска што требало да ја сокрие вистинската природа на конфликтот – ненадеен и страшен удар на СССР на НАТО.

Користејки нуклеарно оружје НАТО тогаш водел политика на избегнување, за разлика од своите непријатели. Целта била негово постепено воведување во војна доколку дојде до неа. Варшавскиот пакт, според откриените информации, сметал дека употребата на нуклеарно оружје е неизбежна и било планирано да се искористи од самиот почеток. Таквата концепција на воени планови на Вашравскиот пакт му давала многу поголема стратегиска предност над НАТО и многу било веројатно дека Алијансата ќе ја загубела таа војна.

sedum-dena-do-rajna-02

Според „Седум дена до Рајна“, советските нуклеарни сили би ги уништиле Хамбург, Дизелдорф, Келн, Франкфурт, Штутгарт, Минхен, Бон. Било планирано и уништување на седиштето на НАТО во Брисел, како и белгиското пристаниште Антверпен и холандски Амстердам. На Данска според планот требало да бидат извршени два нуклеарни напада. На крајот НАТО би бил обезглавен, а цивилните власти во Западна Германија, Белгија, Холандија и Данска би биле уништени и деморализирани, пренесува хрватскиот портал „Дневник“.

f144dd1f97c636ea410492e1229c0924

Тие земји потоа требало да се окупираат за седум дена. Во НАТО, исто така, би се ограничело праќањето помош од Велика Британија и од Северна Америка.

Во планот било предвидено Полска да стане радиоактивна зона, која го изолира Советскиот Сојуз од неговите сили во Источна Германија и Унгарија. Таа војска, заедно со војските од Источна Германија, Чехословачка и на Унгарија, требало да биде доволна за изведување на операциите. Како што е наведено, теоретски полските сили би можеле да бидат искористени, но во 1979 година во СССР се појавил сомнеж во нивната политичка доверливост.

Планот на СССР прилично јасно укажува на тоа дека во случај на ненадеен нуклеарен напад копнената војска би станала најважна сила бидејќи колку што таа се движи побрзо, побрзо ќе биде уништен и НАТО, вклучувајќи ги и неговите воздушни база и поморски објекти. Од друга страна, НАТО веројатно би ја загубил таа војна, бидејќи противникот, односно СССР, имал намера веднаш да го искористи нуклеарното оружје.

sedum-dena-do-rajna-06

Сепак сценариото за Трета светска војна во Европа секогаш било малку веројатно, но истовремено и посебно опасно. Знаеме дека со ескалација на судирите, преминот во нуклеарна војна би бил загарантиран. Единствено прашање е кој обем би ја добила таа нуклеарна војна и дали би преживеала цивилизацијата, заклучува „Национален инерес“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top