| четврток, 6 декември 2018 |

Српските клубови извисија, СЕХА лигата се намалува на 10 клуба

seha liga

СЕХА-лигата во новата сезона ќе брои десет клуба и квалитативно ќе биде најсилна досега, откако беше официјализирано влезот на словенечките клубови во регионалното натпреварување.

Бордот на директори на СЕХА доцна синоќа донесе конечна одлука Целје и Горење да бидат примени во натпреварувањето. Воедно, челниците на лигата ги одбија уцените на српската федерација, која инсистираше Србија да добие две места во новата сезона, во спротивно воопшто нема да учествува во лигата.

На состанокот на директорите на СЕХА беше донесена одлука бројот на учесници да се намали на десет, што значи дека Србија ќе нема ниту еден свој претставник во сезоната 2016/2017.

Македонија повторно ќе има две екипи во СЕХА, Вардар и Металург, покрај кои учесници во регионалното натпреварување во следната сезона ќе бидат бранителот на трофејот Веспрем, потоа Целје и Горење од Словенија, Брест Мешков од Белорусија, Татран Прешов од Словачка, Загреб ППД и Нексе од Хрватска и претставникот на БиХ, Извиѓач Љубушки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top