| четврток, 6 декември 2018 |

Наследи еден милион долари, а живееше во куќа од кал – почина баба Марија

baba

Бабата Марија Златиќ (86) од село близу Бољевац, која по смртта на мажот наследи еден милион австралиски долари, почина во беда во трошната куќичка од кал. Луѓето што ја чувале и со кои имала потпишано договор за доживотна издршка, го пронашле нејзиното тело на кревет.

Наследниците на нејзиното богатство ѝ биле лути што својата животна приказна ја споделила со медиумите.

-Таму каде што наскоро ќе одам, парите не ми требаат, затоа ги подарив. Парите ги дадов на луѓето што ме чуваат. Ним тие пари им се попотребни, а јас и така не знам колку е тоа. Мене ми се доста моите осум илјади денари, колку што е мојата земјоделска пензија – рекла бабата милионерка, на почетокот на годинава.

Проблемите почнале кога се дознало дека наследила 940.000 австралиски долари.

– Откако го доби наследството, се појавија многубројни други наследници, кои тврдеа дека се сопственици на тестаментот на нејзиниот маж Момчило- рекле соседите.

Луѓето што ја чувале баба Марија во меѓувреме подигнале поголем дел од парите. Само на Марија парите не ѝ биле важни.

Баба Марија е погребана вчера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top