| четврток, 6 декември 2018 |

Русите го продаваат најголемиот дијамант

Русија ги продава своите 10,9 отсто акции во компанијата „Алроса“ најголемиот светски прозиведувач на дијаманти.

Продажбата е објавена во склоп на процесот на приватизација наменет за собирање на финансиски средства со кои ќе се покрие буџетскиот дефицит.

Рударската компанија „Алроса“ соопштила дека почнала со прибирање на понуди за преземање на 802 милиони акции во сопственост на државата, пренесува агенцијата „Франс прес“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top