Специјалниот германски посредник Јоханес Хајндл бил навремено информиран за отсуството на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и неможноста да присуствува на денешната средба поради престој во странство.
-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не беше присутен на денешната средба од причини кои веќе ги соопштивме. Заедно со семејството е на приватно патување. Тој беше лично поканет на свадба кај пријател надвор од Македонија уште пред неколку месеци. Престојот во странство го завршува заклучно со утрешниот ден, вели портпаролот на владејачката партија, Иво Котевски.
Инаку, Хајндл денеска оствари средба со делегација на ВМРО-ДПМНЕ на која се разговараше за актуелната политичка состојба. На средбата, како што информира ВМРО-ДПМНЕ, било истакнато дека како партија остануваат посветени кон постигнување на позитивни решенија базирани врз европските искуства кои ќе бидат рационални и ќе го запазат општествениот интерес.
– Беше постигната согласност дека е потребен конструктивен пристап и отвореност на сите политички чинители. Истовремено беше истакнато дека изборите се прифатливо, посакувано и единствено решение за надминување на политичката криза, но базирајќи се на претходните искуства и однесување на СДСМ, тоа треба да биде без неосновано лицитирање на нови термини кои подоцна ќе бидат одлагани, се вели во соопштението.
На средбата од страна на ВМРО-ДПМНЕ е посочено дека врвен интерес е напредокот во интеграциските процеси и спроведувањето на интензивната реформска агенда која подразбира дополнително унапредување на состојбите и критериумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст