| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за обидот за убиство во Прилепско

Полициската станица во Прилеп поднесе кривична пријава за M.С. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје и со опасни материи.

Во вторникот во прилепското село Чепигово во местото Бревче, по меѓусебна расправија М.С.(22) од село Бела Црква, испукал еден куршум кон Р.Т.(35) од село Чепигово, кој се здобил со влезно-излезна рана во пределот на стомакот.

Судија во претходна постапка на пријавениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top