Фолк легендата Џеј Рамадановски е обвинет од страна на Американка со српско потекло Ј.М. за вонбрачно дете кое сега има пет години.

Ј.М. се јавила во редакцијата на српски „Курир Стар“ расплакана, со приказната дека Рамадановски ја завел на нејзината американска турнеа во 2011 година, на која и ветувал заеднички живот и никогаш повеќе не и се јавил по враќањето во Србија. Таа тврди дека во меѓувреме го родила синот Адам и дека преку заеднички пријатели му се јавила на Џеј, кој наводно изјавил дека тоа не го интересира бидејќи не верува дека детето е негово.
-Бев на неговиот настап во Њујорк, го чекав крајот на свирката му пријдов и се запознавме. Испивме пијачка, разменивме броеви и секојдневно се слушавме. По три дена повторно се сретнавме во дискотеката во која работеше таму и за прв пат се бакнавме. Таа ноќ преспав во неговиот стан и од тогаш се почесто се гледавме…
– Недела дена пред неговото враќање во Србија дознав дека сум бремена. Се обидував да го добијам на американскиот број кој го имав, но беше недостапен. Се јавив во Гранд продукцијата да ми помогнат, но наидов на ѕид. Бев немоќна , низ солзи ја раскажа приказната, поранешната девојка на Џеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


