| четврток, 6 декември 2018 |

ФБИ за прв пат стави жена на листата на најбарани терористи

Џоан Чесимард е првата жена која ќе се најде на листата најбарани терористи во САД. ФБИ соопшти дека Чесимард ќе биде додадена на листата на најбарани откако нејзиниот случај од пред 40 години повторно се најде во центарот на вниманието во американската јавност.

Оваа жена во 70-тите години од минатиот век е осудена на доживотен затоор за убиство на полицаецот Вернер Фоерстер од Њујорк. Во 1979 година успеала да избега од затвор и оттогаш е недостапна за полицијата. ФБИ цели 33 години безуспешно трага по неа. Сега, наградата за нејзината глава изнесува 2 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top