Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави дека се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси од денеска до 15 август во периодот од 7.00 часот наутро до 17.00 часот попладне. Ограничувањето не важи за лица кои што имаат добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја.

„Во периодот од 17.00 часот попладне до 7.00 часот наутро дозволено е движење на сите лица во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување на штети на шумата“, соопшти Министерството.
Во соопштението се додава дека ограничувањето не важи за организирана тура на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и Националните паркови во Република Македонија, но во придружба на преставник од „Македонски шуми“ или Националните паркови.
За непочитување на забранатаана граѓаните кои ќе се затекнат да се движат во шума без соодветна дозвола ќе платат глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


