| четврток, 6 декември 2018 |

Го повикала на секс-авантура, кога пристигнал го дочекал вистински пекол

ОЈО во Зрењанин поднесе тужба за И.В. (38) и за Р.Л. (31) од Зрењанин за сторено кривично дело разбојништво.

секс

Имено, тие на 4 јуни во станот на девојката го претепале Н.П. со кој И.В. претходно договорила сексуални услуги, и потоа со закана физички го нападнале.

Расправијата почнала кога девојката барала однапред пари за сексуалните услуги, но Н.П. не ѝ ги давал, па таа го повикала 30-годишното момче со кое соработувала, па откако дошло во собата со повеќе удари му нанело тешки повреди на главата.

Оштетениот Н.П. бил принуден на девојката и на момчето да им ги предаде своите лични работи, како и својот паричник.

Тие потоа го исфрлиле од станот со закана никому ништо да не му зборува.

Обвинетите се наоѓаат во притвор според решението на Основниот суд во Зрењанин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top