| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбаш-самоубиец се разнесе: Најмалку 25 лица се убиени, има и деца

Најмалку 25 лица загинале во самоубиствен напад во пекарница во претежно курдскиот град Хасака во североисточниот дел на Сирија, а одговорноста за нападот ја презема Исламската држава.

sirija-640x361 (1)

Шест од загинатите се деца, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Исламската држава по нападот, кој се случил во вторникот, соопштила дека бил насочен против курдската полиција ЈПГ, пренесува „Ројтерс“. Бомбашките напади во Хасака изминативе месеци беа ретки.

ЈПГ, која контролира голем дел од Хасака, минатата година, има преземено голем дел од Исламската држава во североисточниот дел на Сирија и е вклучена во офанзивата што ја поддржуваат САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top