| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е човекот кој се појавува меѓу жртвите на сите терористички напади

ec9fcae7ebd9c1740d9896143722f5fc

Во налетот на терористички напади во светот многу недолжни луѓе ги изгубија живтотите, но само овој човек, судејќи по фотографиите и постовие на социјалните мрежи трагично умира во повеќе наврати. Неговиот идентитет не е откриен, нозатоа се знае заднината на приказната.

a7ed9bc22e2f956609b40a32ea3baedc

Откако се појави неговата фотографија на која е жртва на тероростичкиот напад во Истанбул, на аеродромото „Ататурк“, но беше и меѓу фртвите од нападот во Орландо, меѓу загинатите во несреќата на авионот на Иџипт ер и жртва на улична престрелка во Мексико, тим новинари на Опсервер решија да дознаат за што се работи.

0b03b7c218b1728a1fbcfe486977488c

Истрагата ги довела до сознанието дека сите профили на кои е објавена истата фотографија му припаѓаат на млад црнокос маж, а се отворени во Мексико. Откако контактирале со корисниците на профилите, дознале за што се работи.

-Човекот на фотографијата ми беше пријател и ме измами за пари. Тоа истото им го направи и на други луѓе. Против него подигнав и граѓанска и кривична тужба, но бидејќи процесот е бавен и тој се уште не ми ги вратил парите, одлучивме да го казниме така што ќе ја споделуваме неговата фотографија на социјалните мрежи. Нашата цел е да му ја уништиме целосно репутацијата. Сакаме целиот свет да биде во можност да го запамети неговото лице – ја овјаснил мистеријата измамениот пријател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top