| четврток, 6 декември 2018 |

Италија веќе се пласираше во полуфиналето на квалификацискиот турнир за ОИ

italija

Кошаркарската репрезентација на Италија стигна до втората победа на предолимпискиот турнир што се одржува во Торино, совладувајќи ја Хрватска со 67-60. Со ова избраниците на Еторе Месина ја освојуваат првата позиција во групата Б и во полуфиналето ќе разигруваат со второпласираната селекција од другата група, каде фаворити за првите две места се Грција и Мексико.

Хрватите ја добија првата четвртина со 21-23, а со два поени предност заминаа и на одмор (33-35). Но, „аѕурите“ возвратија силно во третиот период, го добија со девет поени разлика (21-12) и создадоа предност која не ја испуштија до самиот крај.

Хрватска со поените на Планиниќ намали на три поени (58-55) на шест минути до крајот, но, сепак, Италијанците не дозволија и целосен пресврт.

Бојан Богдановиќ уфрли 26 поени за „коцкестите“, а Марко Белинели постигна 19 во редовите на Италија.

Хрватите за пласман во поолуфиналето ќе мораат утре да го совладаа Тунис.

На турнирот во Белград, селекцијата на Летонија славеше над Чешка со 71-59.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top