Како што рече министерот за финансии Кирил Миновски пред матичната собраниска комисија, образложувајќи го Предлогот, вкупните приходи на Буџетот биле 161 милијарда денари, расходите 180 милијарди денари, а дефицитот изнесувал 19 милијарди денари. Државниот долг бил на умерено ниво, изнесувал 38 проценти од БДП.
Според Миновски, фискалните политики предвидени за 2015 година се остварени. Извозот бележи раст во однос на увозот, а стапката на невработеност е намалена на најниско ниво досега од 24,6 проценти, покажуваат податоците во завршната сметка на Буџетот за 2015 година.
На дневен ред на 108. седница се и Предлог-одлуката за разрешување од функцијата заменик на генералниот секретар на Собранието на РМ, Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за разрешување и избор на претседател и членови на Советот на научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република”, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, по скратена постапка.
Пред пратениците се и измените и дополнувањата на Законот за органско земјоделско производство, Годишниот извештај за извршените ревизии и за работењето на Државниот завод за ревизија за 2015 година, како и неколку закони од областа на образованието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст