Српскиот водител Огњен Амиџиќ тешко ја поднесе смртта на својот голем пријател и соработник, актерот и музичар Маринко Маџгаљ, меѓутоа водителот открива дека загубата ја поднел на нозе, затоа што уште како млад морал да се научи да го носи товарот на смрт на близок.
Неговиот татко Зоран загинал како новинар на бошитата во Југославија, под околности кои ниту ден денеска не се разјаснети.
-Се уште не се знае официјално кои се извршителите на убиството. Се трудев низ животот некако да не ја преувеличувам својата тага. Тој период за мене е многу болен и тежок, многумина изгубија блиски тогаш. Научив да живеам со тоа, вели Амиџиќ.
Зборувајќи за прераното заминување на Маџгаљ, Огњен за Курур старс вели:
-Не се споредува. Секоја тага е лична и голема. Сосема ме поремети смртта на Маџгаљ. Тој одбележа голем период од мојот живот. Замина млад човек, полн со живот, а со толкава безгрижност и леснотија живееше…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.