| четврток, 6 декември 2018 |

Ветена земја за македонските фудбалери: Хрватското првенство ќе го играат Македонци

cro mak fudbaleri

Хрватското фудбалско првенство од новата сезона ќе биде шампионат во кој настапуваат најмногу Македонци, по нашата Прва лига, откако во изминатиот месец неколку фудбалери се одлучија своите кариери да ги продолжат во тамошните клубови.

Ако минатата сезона имаше четири македонски фудбалери, сезонава до овој момент, бројката е двојно зголемена, па пријавени се дури осуммина. Од староседелците тука се Стефан Ристовски и Леонард Жута во Ријека, како и Музафаер Ејупи од Славен Белупо, а единствен кој од минатата сезона недостига е Илија Нестороски, кој направи трансфер од Интер Запрешич во Палермо.

Новајлии од годинава се Ристо Митревски во Истра, Милован Петровиќ во Осијек, Мирко Ивановски, кој ќе му прави друштво во нападот на Ејупи во Славен Белупо, како и Марјан Алтипармаковски и Зоран Даноски, кои стигнаа во Интер Запрешич како замена за Несторовски.

До почетокот на првенството не е исклучена можноста некој од тамошните прволигаши да ангажира нов Македонец за дополнително продолжување на колонијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top