Израелската влада подготвува закон со кој би можело да се присилат социјалните мрежи да тргнат објава која би се сметалла за опасна или екстремистичка
Притоа Фејсбук го посочи како соработник на терористите. Министерот за јавна безбедност Гилад Ердан смета дека социјалната мрежа саботира истраги за осомничените и за потенцијалните закани кои ги спроведува полицијата.
Ердан го нарече Фејсбук „Чудовиште“ затоа што одбива да отстрани објави кои израелските сили ги сметаат за опасни.
Иако израел барал отстранување на 74 наводни екстремистички објави, од фејсбук отстраниле само 24, откако утврдиле дека корисницитеги прекршиле правилата. Полошо од тоа е дека Фејсбук не признава израелска власт на Западниот брег, каде Палестина се об идува да воспостави држава, додава Ердан.
од Фејсбук тврдат дека ги задоволиле барањата и дека одблиску соработуваат со израелските власти за да се запазат правилата за корисниците и локалните закони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.