Резултатот oд референдумот во корист на напуштање на ЕУ предизвика големи промени во Британија. Главните политички партии се во криза, финансиските пазари се во криза, распадот на Велика Британија е поблиску од било кога и Британците се борат да аплицираат за ирски пасош. Но, можеби најнеизвесно е за граѓаните кои немаат британско потекло, а живеат во Велика Британија и тие сега немаат јасни одговори за нивната иднина.
Зголемениот број на не-британски граѓани на ЕУ кои живеат и работат во Велика Британија е резултат на правилата на ЕУ за слободно движење на ЕУ граѓаните и работење во било која земја членка на ЕУ без потреба од работна виза. Според податоците од ОН, околу 3.3 милиони не-британски граѓани од ЕУ живеат во Велика Британија. Воглавно се Полјаци, Ирци, Германци, Романци, Бугари (има многу Македонци со бугарски пасош) и Италијански, а околу 1.2 милиони Британци живеат во други ЕУ земји. Тие можат да се најдат во Франција, Шпанија, Ирска и Германија.
Условите за излез на Велика Британија ќе бидат утврдени за време на процесот на преговори, почнувајќи од моментот на членот 50 од Лисабонскиот договор кој се користи од страна на Велика Британија. Во текот на овој процес, кој може да потрае и до две години, Велика Британија ќе продолжи да биде целосно обврзана со принципот на слободно движење со што се овозможува не-британските граѓани на ЕУ да одат и да останат во Велика Британија.
Но, штом Велика Британија излезе, фундаменталното право за слободно движење нема повеќе да се применува, а постои голема неизвесност во врска со тоа што ќе се случи со не-британските граѓани кои живеат во Велика Британија. Нивната иднина ќе зависи од новиот вид договор за кој ќе преговараат Велика Британија и ЕУ.
Предложени се различни опции во текот на кампањата. Некои го предлагаат моделот на Норвешка, при што Велика Британија ќе биде дел од единствениот пазар, и со тоа ќе продолжи да има корист од слободното движење на стоки, капитал, услуги и луѓе. Сепак оваа алтренатива е одбиена од повеќето Брекситери бидејќи нема да ѝ овозможи на Британија да го контролира имиграциското ниво на ЕУ – проблемот кој се наоѓа во центарот на дебатата за референдум.
Други пак предлагаат австралиски базиран систем за имиграција. Велика Британија ќе избере на кои ЕУ работници и работници кои не се од земјите членки на ЕУ ќе им дозволи да работат врз основа на нивните вештини. Ова ќе има значително влијание врз луѓето во пониските платени сектори како што се градежништво, производство, хотели и угостителство бидејќи тие нема да се квалификуваат за влез во Велика Британија.
Она што е јасно е дека не постои можност за одбирање на најдобрите делови од единствениот пазар. И покрај огромната поддршка помеѓу пратениците и бизнисите да ја задржат Британија во единствениот пазар, оваа опција ќе биде тешка за следење бидејќи ќе зависи од тоа како ќе изгледа новата влада на Британија и како ќе се толкуваат резултатите од референдумот.
Дури и ако е ограничено слободното движење во иднина, политичките лидери кои се залагаа за Брексит излегоа со гаранции дека ништо нема да им се случи на оние граѓани на ЕУ кои веќе живеат во Британија, или граѓаните на Велика Британија кои живеат во други земји на ЕУ. Тие ги повторуваат правните експерти кои велат дека колективното протерување е забрането со меѓународното право.
И самиот Дејвид Камерон изјави дека статусот на државјаните на ЕУ во Велика Британија нема да се промени додека траат преговорите за иднината на британските односи со ЕУ.
Но, протерувањето е екстремна верзија на настаните. Постојат многу начини ЕУ граѓаните да се натераат да се чувствуваат непожелни во Велика Британија пред тие да бидат избркани. Губењето на статусот на ЕУ може да создаде потреба од работни дозволи и визи. Тие доаѓаат со многу бирократија и трошок.
Дури и пред да се случи тоа, постои чувство на несигурност. Повиокт за гаранции за граѓаните на ЕУ дојде во писмо потпишано од Даниел Хан, Гизела Стујард и Даглас Карсвел, како и останатите поддржувачи какОИвет Купер и Френсис O’Грејди.
„Ние ќе бараме од владата, опозициските партии и секој кандидат кој ќе стои до следниот лидер на Конзервативната партија, односно премиерот, да направи недвосмислена изјава дека имигрантите од ЕУ кои живеат во Британија се добредојдени тука и дека промените ќе важат само за новите имигранти“.
Додека и ЕУ и Британијаќ е мораат да постигнат договор кој ќе го заштити статусот на граѓаните на ЕУ кои живеат во Британија, ќе има долг период на неизвесност. Во текот на овој период, голем дел од високо квалификуваните и образованите ЕУ граѓани кои имаат сомнежи за нивниот статус, може да изберат да се преселат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.