Македонска културна вечер ќе биде одржана во Регионалната библиотека „Захариј Књажески“ во Стара Загора на 5 јули (вторник), 18:00 часот. Вечерта ќе биде отворена со изложбата на групата “Конекција 2” на која ќе бидат претставени дела на 13 уметници од Р. Македонија. Отворањето ќе биде збогатено со македонска музика а актерот Иван Калошев ќе интерпретира стихови на македонски и бугарски јазик од Ацо Шопов, Анте Поповски, Веле Смилевски, Богомил Ѓузел, Лилјана Дирјан, Никола Маџиров и др познати македонски поети.
За ова прво целовечерно македонско културно претставување во Стара Загора, ќе зборуваат директорот на КИЦ на Р. Македонија во Софија Васко Шутаров, а се очекува обраќање на претставник од Советот на Општина Стара Загора и директорката на Регионалната библиотека.
Овој проект е финансиски поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст