| четврток, 6 декември 2018 |

Отворање на 14-то издание на „Актерот на Европа 2016“

На 6-Јуни 2016 г. во амфитеатарот во Ресен,  свечено ќе се отвори годинешното издание на интернационалниот театраски фестивал „Актерот на Европа“.   Добитник на наградата за животно дело „Актерот на Европа 2016“ е светски познатиот  и признати актер и режисер од Романија – Јон Карамитру. Покрај ова, господининот Јон Карамитру исто така ќе биде прогласен и за почесен доктор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА –Скопје, кој заедно со Општината Ресен и Здружението на граѓани „Езеро без граници“, се организатори на фестивалот.

На свеченоста ќе се доделат и наградите „Клучевите на Преспа“, кои му се доделуваат на истакнати личности од научната и образовната сфера, а годинешни добитници се академик Владо Матевски од Македонија и Д-р Андраж Чарни од Словенија.

Во рамките на програмата на фестивалот ќе бидат прикажани шест претстави од Македонија, Црна Гора, Србија, Бугарија и Франција, а за наградите ќе одлучува жирито во состав: Мето Јовановски – претседател, Гоце Ристевски и Рубенс Муратовски.

Во текот на фетивалот ќе се одржи театарска работилница меѓу Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје и Театарот Атеље Панта од Нормандија, во кое ќе учествуваат четири студенити од класата на Рубенс Муратовски при Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје, кои заедно со нивните колеги од Франција, во пероидот од 7 Јули до 10 Јули, ќе работат на претставата на Аполинер, а специјален гостин на работилницата ќе биде академик Влада Урошевиќ од МАНУ, при што ќе се промовира неговата книга посветена на Аполинер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top