| четврток, 6 декември 2018 |

Почина поранешниот премиер

Поранешниот француски премиер социјалист Мишел Рокар почина синоќа, соопшти неговиот син Франсоа.

untitledytjn56uh56uj56u56u56e

Тој прецизира дека неговиот татко починал на 85-годишна возраст во париската болница.

„Една голема фигура на Републиката и на левицата штотуку замина”, се наведува во соопштението на кабинетот на претседателот Франсоа Оланд.

Рокар, страсно работеше на обединета Европа, а беше премиер од 1988 до 1991 година, за време на претседателството на Франсоа Митеран. Едно од неговите достигнувања беше создавање на програма за социјална помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top