СВР Куманово поднесе кривична пријава против пет лица во врска со случајот на 25.06.2016 кога четиригодишно момче беше прегазено пред Здравствениот дом во Куманово, пошто од здобиените повреди почина на клиниките во Скопје.
Како што денеска соопшти МВР, кривична пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение дека првопријавениот Б.И.(30) сторил кривично дело „убиство“ по член 123 став 1 во врска со член 19 „обид“, додека останатите пријавени лица Б.И.(23), С.А.(36), С.Д.(36) и А.А.(32) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Од страна на судија на претходна постапка, се подвлекува во соопштението, на првипријавениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира ваквите немили настани да не се користат за предизвикување на меѓуетнички тензии.
Во врска со настанот што се случи на 25-ти минатиот месец на ул. „Борис Кидриќ“ во Куманово кога по претходна меѓусебна расправија Б.И.(30) управувајќи автомобил „Мерцедес Ц200“ заедно со сопатниците неговиот брат Б.И.(23) и Т.Д., со предниот десен дел од возилото намерно ги удрил С.А.(36) од Куманово, неговата сопруга М.К.(36) и нивниот четиригодишен син, кој со тешки телесни повреди било префрлено на Детска хиругија при Државна болница, а подоцна на 01.07. им подлегна на повредите, Министерството за внатрешни работи веднаш по добивањето на пријавата во содејство со Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство – Куманово изврши увид на местото на настанот и ги презема сите потребни мерки со цел расчистување и документирање на истиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст