| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од премиерот Димитриев по повод Рамазан-бајрам

emil dimitriev

Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев по повод празникот Рамазан-бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската заедница во Република Македонија реис-ул-улема хаџи Сулејман -ефенди Реџепи и до членовите на ријасетот, како и на сите верници од исламската вероисповед.

Светиот месец Рамазан е најблагородниот и најсреќниот месец за вас граѓаните од исламската вероисповед. Деновите кои се зад нас поминаа во духот на трпението и воздржувањето, несебичноста и дарежливоста. Посветеноста што беше одлика во мислите на секој исламски верник во изминатите денови на пост, нека и понатаму биде одлика која ќе ве води по патеките на успехот, како во рамки на семејството, така и на деловен и професионален план. Празникот нека ви донесе само убави нешта, а годината нека ви биде исполнета со чисти мисли и позитивни дела, стои во честитката.

Честитајќи им го празникот, Димитриев изразува убедувања дека во духот на добрите верски учења, во духот на нашата заедничка опстојба на овие простори и во иднина ќе продолжиме да ги негуваме принципите на почит и разбирање, принципите на помош и соживот меѓу граѓаните на Република Македонија, од сите вери и националности.

Ваквото заедништво е клучно за вкупниот економски и граѓански развој на Република Македонија, за подобар живот на нашите граѓани, во сите региони на државата и во сите области од нашето општество. На тој пат, религиите се наша поткрепа, а традицијата и големите празници наше потсетување да се држиме заедно и заедно да чекориме напред. Нека е честит големиот празник, имајте топлина во домовите и мир во семејствата. Нека е честит Рамазан-бајрам, се вели во честитката на Димитриев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top