| четврток, 6 декември 2018 |

Необични обичаи: Во Индија подготовете се за тепачка за да влезете во воз, во Полска се плаќа одење во тоалет

Туристите често се изненадени од некои локални обичаи во земјите каде што патуваат. Страницата „Флај до Дубаи“ објави обичаи од целиот свет кои може да ве шокираат, а се со цел да ги упатат туристите како да се однесуваат.
Ако патувате во Грција треба да имате на ум дека повеќето тоалети имаат лоши канализациски цевки и тоалетната хартија не може да отиде кога ќе пуштите вода. За Американците е типично да бараат бакшиш каде и да се свртите – од келнер до консиерж. На сметките во ресторанот додадете напојница меѓу 15 и 25 отсто од сметката.
Во Јужноафриканската Република мора да изедете сѐ што ви е сервирано бидејќи, во спротивно, може да се сфати како непочитување и навреда за локалците.  Локалните племиња ќе ве почестат со специјално јадење кое се состои од инсекти или некои органи на животните.
На туристите кои патуваат за Истанбул им се советува да понесат чепчиња за уши бидејќи секое утро може да ве разбуди утринската молитва која се шири од џамиите на овој град.
Во Полска секогаш се наплаќа одење во тоалет и затоа секогаш при себе имајте ситни пари.
Во Кина не важи „сѐ да се изеде во чинијата“. Ако го сторите тоа, домаќинот ќе помисли дека сакате уште храна и може да се навреди.
Ако планирате да користите воз во Индија, бидете подготовени за тепачка за да влезете во ова превозно средство.
Мексиканците се многу срдечни луѓе и не се изненадувајте ако некои од нив ви се „внесе в лице“ додека разговарате. Додека во Англија или во Германија тоа се смета за напад, кај Мексиканците е израз на пријателство.
Французите сакаат да се бакнуваат и при секое поздравување ќе ве бакнат двапати во образ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top