Со особено задоволство, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, вам, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, ви упатувам искрени честитки по повод исламскиот празник Рамазан-бајрам.
Со завршувањето на рамазанските пости во најсветиот месец за вас, верниците се насочени кон создавање добри дела и верба дека тоа е вистинскиот пат на пријателство, единство и хармонија. Празникот Рамазан-бајрам нека ви даде поттик во овие моменти да го зацврстнете семејството и да ги продолжите верувањата и културата на идните генерации. Овие празнични моменти се добра можност за изразување на заемна почит и пријателство меѓу луѓето од различна вероисповест, како и да ја пробудиме хуманоста и солидарноста, која е наша вековната традиција.
Убеден сум дека и понатаму ќе продолжиме успешно да ги унапредуваме меѓусебните односи, да ја почитуваме верската различност и да ја негуваме толеранцијата во Република Македонија. Тие ни се водилка кон просперитет, сигурна иднина и благосостојба на сите граѓани на нашата држава.
Уште еднаш, ви го честитам големиот празник и ви посакувам добро празнично расположение.
Со искрена почит, кабинет на претседателот на Собрание на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст