| четврток, 6 декември 2018 |

Синчето скршено од болка: Тето, не сакам на погреб

9392_661002500633801_747955427_n_1000x0

Синот на убиената Дијана Савановиќ и Синиша Златиќ, кој прексиноќа изврше страотно злосторство во Житиште, не може да прифати дека неговата мајка ја нема повеќе.

– Немања е скршен целосно, ми рече „Тето, не можам да одам на погреб“. Тој е целосно скршен. Јас ова нема да го преживеам  – вели за српски „Ало“ Анкица, сестра на убиената Дијана.

Неговиот татко Синиша, во ноќта меѓу петокот и саботата ја видел својата бивша сопруга со новото момче во кафулето „Макијато“ во Житиште, се вратил дома по калашниковот за кој немал дозвола, и повторно во кафиќот каде убил 5 лица, а 22 -ца ранил.

Социјални работници на синот денеска му рекле дека мајка му е мртва.

Дијана денеска ќе биде погребана на месните гробишта во Житиште кај Зрењанин.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top