Почина носителот на Нобеловата награда Ели Визел, кој го преживеао холокаустот и стана влијателен писател, соопшти Меморијалниот центар на холокаустот „Јад Вашем” во Ерусалим.
Роден во 1928 година, Визел пишуваше главно за престојот во нацистичките концентрациони логори и во 1986 година ја доби Нобелова награда за мир.
„Јад Вашем ја оплакува смртта на Ели Визел – преживеан од холокаустот, добитник на Нобеловата награда и влијателен писател”, соопшти музејот на холокаустот на Твитер.
По повод смртта на Визел се огласи и американскиот претседател Барак Обама, кој меѓу другото рече дека тој бил моралниот глас на нашето време и на многу начини – совеста на светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст