Најмалку 23 лица загинаа, а 61 се повредени во напади во два трговски реони на Багдад, соопштија болнички и полициски извори, јави „Раша тудеј“.
Нападите се извршени кон крајот на светиот муслимански месец Рамазан, кога улиците по зајдисонце се полни со млади луѓе и семејства.
Засега ниту една група не ја презеде одговорноста, но познавачите оценуваат дека нападите го носат потписот на „Исламска држава”, која често напаѓа мирни граѓани во претежно шиитски квартови на Багдад.
При првиот напад, во централниот кварт Карада загинаа 18 лица и беа повредени 45. Малку подоцна, експлодираше рачно изработена бомба во источниот дел на Багдад, при што загинаа пет лица, а 16 беа повредени. Првата експлозија предизвика пожари во блиските продавници за облека и за мобилни телефони, соопштија очевидци.
Според податоците на телевизијата „Скај њуз Арабија”, цитирана од ТАСС, загинатите при втората експлозија се шестмина, а повредени се 12.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст