| четврток, 6 декември 2018 |

Викаше „Ку*во нема да живееш“, а потоа си уби двајца пријатели од детството

Викна „Ку*во , нема да живееш!“. Потоа следуваше првиот рафал. Вака за српскиот весник „Блиц“ ја почнува својата приказна човекот кој му го одзеде пиштолот на напаѓачот во петочниот масакр во селото Житишта во Србија.

Исидор Сучевиќ дошол во кафулето за да му помогне на газдата, негов најдобар пријател. Напаѓачот, Синиша Златиќ, го познавал од порано.

– Отидов во кафулето, за да му помогнам како на најдобар пријател на сопственикот на локалот. Саница дојде кај мене и ми ја стисна раката, а потоа излезе некаде и се врати повторно. Потоа почна да пука. Во почетокот се чинеше дека сака да ги исплаши посетителите, но не и да повреди некого – раскажува потресен од виденото Исидор.

Тој се сеќава како Синиша потоа се исправил меѓу фрижидерот и барот и оттаму почна да пука.

– Уби прво двајцата пријатели со кои се познава уште од детството. Потоа и жена. Не знам што се случи, но застана до мене, ме погледна во учите и дури и не може да се опише како, но успеав да му го извлечам оружјето . Конечно тој се сврте и се стрча – раскажува очевидецот.

Златиќ и неговата поранешна соруга биле заедно од десет години, имале и мало дете. Нивни пријатели раскажуваат дека тој често и љубоморел жена си, но со ништо не се забележувало дека претстои таква трагедија.

Властите во Србија го повикаа населението да го предаде нелегалното оружје што го чува по војната во поранешна Југославија, откако вчера 38-годишниот маж уби пет лица и рани 20 во кафуле во селото Житиште крај Зрењанин. Седум од повредените се во многу тешка состојба. Меѓу нив има најмалку тројца малолетници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top