Несреќата се случи утрово на автопатот Велес-Гевгелија во близина на наплатната станица кај Градско. Возачот изгубил контрола над возилото и излетал на десната страна од автопатот.
Автомобилот удрил во земјен брег покрај коловозот. Сопругата и детето со возило на итната медицинска помош се пренесени во велешката болница. Возачот пак останал на местото но по кратко почувствувал болки па и тој е пренесен во здравствената установа. Според информациите на лекарите сите тројца се со полесни повреди и се надвор од животна опасност.
Увид на местото изврши екипа на СВР Велес. Анализата од увидот ќе покаже кои се причините поради кои се случи несреќата. Автопатската делница вчера беше кобна за семејство од Белград.
55 годишен маж загина откако автомобилот управуван од сопругата излета на спротивната страна на автопатот. Мајката и трите деца се здобија со полесни повреди и се згрижени во болницата во Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.