| четврток, 6 декември 2018 |

Дводневна жалост во Кочани

kocaniВо Кочани денеска и утре е ден на жалост поради смртта на 63-годишниот тракторист и неговата сопруга, кои ги превезувале децата од првомајскиот пикник. Додека трае истрагата за причините за несреќата, очевидци раскажуваат дека Давитков, инаку дедо на тројца од повредените, тракторот го возел во лер и без сопирачки и оти најверојатно бил пијан.
Речиси сите во тракторот биле девојчиња и долгогодишни другарки од трите кочански села – Градовци, Прибачево и Оризари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top