| четврток, 6 декември 2018 |

Предвремените избори во Хрватска може да се одржат на 11 септември

избори

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ синоќа изјави дека уште не донела одлука за датумот на предвремените избори, но е наклонета да ги закаже за 11 септември, пренесе агенцијата Хина. ­

-Изборите ќе ги свикам во рамки на предвидениот законски рок. Треба да почекам до 15 јули и тогаш ќе ги закажам изборите, веројатно за почетокот на септември. Се уште не сум одлучила за датумот, но наклонета сум да биде 11 септември- посочи Грабар Китаровиќ за телевизијата „N1“.

Таа изјави дека повеќе го претпочита 11 септември отколку 4 септември, затоа што на 5 септември учениците тргнуваат на училиште.

-Никој не сака да се занимава со политика во текот на летото. Никој не сака одморот да му биде зефатен со политички кампањи. Луѓето сакаат да се одморат од политиката- посочи хрватската претседателка.

Таа додаде дека сака да ги остави семејствата на 4 септември да си бидат со децата, пред тие да почнат со училиште следниот ден. Хрватскиот сабор минатиот месец и изгласа недоверба на Владата на премиерот Тихомир Орешковиќ, а по консултациите со политичките партии претседателот на државата повика на распуштање на Парламентот и организирање предвремени избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top