| четврток, 6 декември 2018 |

Утре дожд, ветар, грмежи, град

Пороен дожд, грмежи и засилен ветар – ова е прогнозата на метеролозите за утре. Според нив во одделени делови ќе има невреме со услови за појава на град. Повеќе услови за нестабилност ќе има во северните делови. Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 26 до 32 степена.
Во Скопје времето попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 30 степени. Во сабота и во недела ќе има изолирана појава на нестабилност, а во почетокот на
наредната седмица ќе преовладува променливо облачно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top