Наследниците на Шекеринска и Заев од мали нозе учат од своите партиски лидери. Дека е така потврда е Ивана Туфегџиќ, член на младината на СДСМ која се поизвесно е дека претендира да ја наследи Шекеринска. Токму таа е задолжена во овој момент да ја води битката на СДСМ преку нивниот студентски пленум за целосно оцрнување на легитините студентски избори.
Туфегџиќ неколку дена е во првите редови, во наводна контрола на изборни комисии, во акција за кревање на тензии и предизвикување инциденти, но очигледно како што тоа не им успева на Заев и Шекеринска тешко и оди и нејзе.
Ивана Туфегџиќ за реализацијата на плановите на својата партија не е задолжена од скоро. Таа изминатите неколку години е задолжена за креирање сценарија и сеење лаги и манипулации помеѓу студентите. Таа започна рамо до рамо да бара и оставрување на барањата на нејзините лидери во екот на политичката криза, па на својот блог делеше совети како треба да работи парламентот, како претседателот да замине од својата позиција и сл.
Туфегџиќ во овие последни два дена ги живее своите пет минути слава. И успеа да застане пред камерите, но и пред нив покажа дека партиските задача и се пред се, оцрнувајки и делејки ги новинарите само според нејзина оценка врз основа на поставени прашања, но не успеа да се извади ниту на СДСМ-овските финти.
Дека Ивана Туфегџиќ е продолжена рака на Шекеринска и Заев нејзините пријатели го знаат тоа одамна. Фотографијата на која е во прегратки на својата заменик претседателка ја потврдува нивната блискост, а не поразлична е и фото документацијата која ја споделува со ликот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Ивана не ретко може да се забележи и во друштво на ПР тимот на СДСМ во ресторани и кафулиња низ државата, а тоа не го крие ниту таа самата па вакви фотографии може да се најдат и на нејзиниот профил. Токму таа сега ги убедува студентите дека политиката не требало да ги меша рацете помеѓу студентите. Така е, но зарем рацете на Ивана Туфегџиќ и нејзините зборови се чисти и искрени?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)