| четврток, 6 декември 2018 |

Која крвна група ги привлекува комарците?

Постојат повеќе причини зошто некои луѓе почесто имаат убоди од комарци, за разлика од други.

Комарците гледаат многу добро посебно доцна попладне, затоа не носете темни бои како што се црна, темно сина и црвена боја.

Возрасните комарци бараат нектар, а на женките им се потребни протеини од нашата крв за да создадад јајциња. Одредени истражувања покажуваат дека некои крвни групи се повеќе на удар на убод од комарци, за разлика од други. Најпривлечна е О групата и тоа двапати повеќе од А. Крвната група Б е во средина.

Комарците ги привлекуваат и лицата кои пијат пиво, поради зголемениот етанол во потта и во кожата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top