| четврток, 6 декември 2018 |

Бездомник пронашол пиштол во корпа за отпадоци

Бездомник пронашол помало количество оружје во канта за смет во близина на каналот Сен Мартен во Париз. Четириесет и тригодишниот маж веднаш ја информирал полицијата, која патролирала низ парискиот кварт. Во кантата, во близина на плоштадот „Сталинград“, бил пронајден автоматски пиштол калибар 6,35 милиметри, четири бомби, 16 куршуми со различни калибри и тенковска мина М58, која се користи во француската армија.

Бездомникот изјавил дека претходно истиот ден „дрвен сандак полн со гранати“ бил однесен со камионот за смет. Полицијата брзо открила дека пронајденото оружје му припаѓало на колекционер кој живеел во квартот, по чија смрт неговото семејството сакало да се ослободи од арсеналот и го фрлиле во отпад, без да размислат за последиците.

Истражните власти истакнаа дека „тоа е несвесна постапка, бидејќи оружјето се уште е употребливо и можело да падне во погрешни раце“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top